53-годишен кумановец возел со 1,74 промили алкохол, полицијата го привела

Сподели со своите пријатели

Педесет и четиригодишен кумановец бил приведен викендов откако полицијата констатирала дека вози под дејство на 1,74 промили алкохол.

– На 23.08.2026 во 02:47 часот на улица „Ѓорче Петров“ во Куманово, полициски службеници од СВР Куманово го лишија од слобода О.Б.(53) од Куманово, информираат од Секторот за внатрешни работи.

Како што додаваат од полицијата, при сообраќајна контрола запрено е патничко возило „опел астра“ со кумановски регистарски ознаки, кое го управувал и по преземени мерки е констатирано дека О.Б. е под дејство на алкохол, односно дека има 1,74 промили алкохол во крвта.

ПРОЧИТАЈТЕ И:  Штипјанка влегла во дом на кумановци, била агресивна и не сакала да си замине

– По насоки на јавен обвинител тој бил приведен во полициска станица, а по целосно документирање на случајот против него ќе биде поднесена соодветна пријава, стои во соопштението.

Никола Ивановски