Куќи, шума и трева изгореа во пожар во кумановско Винце

Сподели со своите пријатели

Куќи, сува трева и ниска шума биле зафатени во поголем пожар кој вчера попладне избувнал во кумановското село Винце.

Како што информираат од Регионалниот центар за управување со кризи, интервенцијата започнала околу 12:52 часот.

На терен огнот го гаснеле 15 пжарникари на ТППЕ Куманово со три противпожарни возила, како и доброволци од Црвениот краст и мештани од селото.

Сепак огнот успеал да опожари и неколку куќи.

Во текот на изминатиот ден кумановските пожарникари во два наврати интервенирале и на територијата на соседна Општина Липково.

Во селото Ропаљеце горела сува трева, при што двајца пожарникари интервенирале од 11:45 до 13:20 часот.

ПРОЧИТАЈТЕ И:  Денеска и утре без струја делови од кумановско

Во селото Матејче исто така гореле сува трева и грмушки. Во период од 13:25 часот до 16:20 часот, огнот успеале да го угаснат мештаните од селото.

Никола Ивановски