Неделна прогноза за Куманово: Благ пад на температурите, но и натаму доста топло

Сподели со своите пријатели

Времето денеска низ Македонија ќе биде променливо облачно и топло со сончеви периоди, информираат од Управата за хидрометеоролошки работи.

Попладне ќе има локален пороен дожд, грмежи и засилен ветер. Наместа ќе има услови за невреме со силен ветер и појава на град.

Ќе дува слаб до умерен ветер од југоисточен правец.

Минималната температура ќе биде во интервал од 13 до 22, а максималната ќе достигне од 30 до 38 степени.

 

 

Во Куманово и околината денеска ќе имаме променливо облачно време, со повеќе сонце во претпладневните часови, а попладне зголемување на облачноста и услови за дожд и грмежи.

ПРОЧИТАЈТЕ И:  Приведен 30-годишен маж кој допирал по тело девојче од Куманово

Ќе дува слаб до умерен ветер од југозападен правец.

Утринската температура ќе се движи околу 17 степени, а максималната дневна се очекува да достигне 36 степени целзиусови.

 

 

Утре низ кумановско ќе имаме сончево и многу топло време со слаб до умерен ветер од јужен и југозападен правец. Температурата во утринските часови ќе се движи околу 18 степени, а максимумот во текот на денот ќе се искачи до 36 степени целзиусови.

Среда носи повторно променливо облачно време, со услови и за сонце и за дожд. Ќе дува слаб до умерено засилен ветер од северен и североисточен правец, а температурата ќе се движи во интервал од минимални 15 до максимални 33 степени целзиусови.

ПРОЧИТАЈТЕ И:  Приведен кумановец кој бил агресивен и непристоен на концерт на плоштадот

Во четвртокк ќе имаме претежно сончево време со мала облачност. Ќе дува слаб до умерено засилен ветер од источен правец. Утринската температура ќе се движи околу 16 степени, а максимумот во текот на денот ќе достигне 34 степени целзиусови.

 

 

Сончево и многу топло време ќе имаме и во петок. Ќе дува слаб до умерен ветер од јужен и југозападен правец, а температурата ќе се движи од минимални 18 до максимални 37 степени целзиусови.

И во сабота ќе се задржи сончево и многу топло време со слаб до засилен југозападен ветер, кој на моменти ќе надминува брзина до 40 километри на час. Температурата во утринските часови ќе се движи околу 16 степени, а дневниот максимум ќе достигне високи 37 степени целзиусови.

ПРОЧИТАЈТЕ И:  Штипјанка влегла во дом на кумановци, била агресивна и не сакала да си замине

Претежно сончево време со мала облачности пад на температурите ќе имаме во недела. Ќе дува слаб до умерен североисточен ветер, а температурите ќе се движат во интервал од минимални 14 до максимални 33 степени целзиусови.

 

 

И следната работна недела ќе се задржи топло време, со благ пад на температурите, кои сепак и натаму ќе останат над 30 степени целзиусови.

Никола Ивановски