Ренато Димитриевски повторно во МКК Куманово

Сподели со своите пријатели

Македонскиот суперлигаш Куманово го враќа Ренато Димитриевски во своите редови, откако искусниот кошаркар повторно ќе го облече дресот на клубот по една сезона помината во друга средина.

35-годишниот Димитриевски игра на позициите 3 и 4, а во неговата игра се издвојуваат пожртвуваноста, борбеноста и големото залагање во текот на натпреварите.

Димитриевски претходно две години беше дел од Куманово, при што настапуваше и во сезоната во која клубот обезбеди пласман во елитата, како и во првата сезона на екипата во Суперлигата.

Со неговото враќање, Куманово добива искусен и борбен играч кој добро ја познава средината и начинот на работа во клубот.

ПРОЧИТАЈТЕ И:  Започна акцијата за чистење на градските гробишта. Одѕивот на граѓаните засега мал (ВИДЕО)

Димитриевски се очекува да биде значајно засилување за екипата во претстојните предизвици во Суперлигата, заедно со Бобан Стајиќ, Бојан Крстевски и Алек Петкоски, а во меѓувреме договорот го обнови и Андреја Стевановиќ.

Никола Ивановски