Американскиот долг надмина 40.000 милијарди долари

Сподели со своите пријатели

Вкупниот американски долг за прв пат надмина 40 трилиони долари, соопшти Министерството за финансии, поттикнувајќи стравувања од финансиска криза.

Зголемувањето на трошоците поврзани со социјалните програми и каматните плаќања далеку ги надмина приходите, кои беа ограничени со намалување на даноците, објави британскиот Ројтерс.

Вкупниот неплатен јавен долг на САД изнесуваше 40,047 милијарди долари во вторник, вклучувајќи 32,266 милијарди долари во обврзници и 7,782 милијарди долари во меѓудржавен долг, според најновиот Извештај за готовина и долг на Министерството за финансии на САД.

Долгот на федералната влада на САД се зголеми повеќе од двојно за помалку од една деценија, додека во јануари 2017 година, кога Доналд Трамп беше инаугуриран за својот прв претседателски мандат, тој изнесуваше 19.950 милијарди долари.

ПРОЧИТАЈТЕ И:  Иран егзекутирал најмалку 900 лица од почетокот на годината

Околу една третина од ова зголемување се случи за време на две години трескаво задолжување од страна на владата на САД за финансирање на одговорот на пандемијата на коронавирус, што го спроведе Доналд Трамп, а потоа и Џозеф Бајден.

Регулаторите на буџетот со недели предупредуваат за растот на долгот, очекувајќи тој да надмине 40 трилиони долари и предупредувајќи дека може да избувне целосна финансиска криза доколку Конгресот на САД не преземе соодветни мерки во врска со даноците и јавната потрошувачка.