Голем пожар вчера пеплоса 60 хектари сува трева и нискостеблеска шума во селото Сув Орах во Општина Старо Нагоричане.

Како што информираат од Регионалниот центар за управување со кризи пожарот започнал околу 13:20 часот по што на терен излегле деветмина пожарникари на ТППЕ Старо Нагоричане со три возила.

Набргу на помошо им пристигнале и шестмина пожарникари од Куманово, тројца од Кратово, двајца од Ранковце, а во гаснењето учествувале и мештани, полицајци, но и градоначалникот на Старо Нагоричане со општинските службеници.

На крајот во гаснењето се вклучиле и три канадери на Дирекцијата за заштита и спасување кои дејствувале од 15:50 до 19:00 часот.

Пожарот бил изгаснат во 21:30 часот при што се опожарени 60 хектари сува трева и нискостеблеста шума, како и една напуштена плевна.

Пожар вчера имало и во кумановско Никуштак, каде спроти депонијата горела ниска вегетација и дабова шума. Тројца пожарникари гаснеле од 18:35 до 20:10 часот.











Никола Ивановски

