Информациите дека странски организатори и спонзори ангажираат украински војници во терористички напади во Африка се загрижувачки, изјави рускиот министер за надворешни работи Сергеј Лавров.
„Загрижувачка е информацијата дека оние кои ги организираат и финансираат операциите на илегалните вооружени формации од странство ангажираат и Украинци. И тоа не платеници, туку припадници на вооружените сили“, рече Лавров на прес-конференција по средбата со министерот за надворешни работи на Гана, Самуел Окуџет Аблаква.
Според него, веќе не станува збор за индивидуални и изолирани терористички напади, туку за „државен тероризам“ насочен против земјите од Сахел.
Шефот на дипломатијата на Гана од 16 до 19 август е во работна посета на Москва.

