Реконструкцијата на „Бајрам Шабани“ при крај: 90 отсто од улицата веќе асфалтирана (ВИДЕО)

Сподели со своите пријатели

Реконструкцијата на улицата „Бајрам Шабани“ во Куманово е во завршна фаза, а според градоначалникот Максим Димитриевски, околу 90 отсто од јавната прометна површина веќе е асфалтирана.

– Општина Куманово на владиниот повик обезбеди средства од унгарскиот кредит првично за поставување на комплетно нова атмосферска канализациона мрежа со поставување на сливни решетки и дополнителен број на шахти и во моментов одам од лице место и направив увид заедно со претседателката на советот на улицата „Бајрам Шабани,90% од јавната прометна површина е веќе асфалтирана, изјави Димитриевски.

Тој посочи дека во рамки на реконструкцијата се изработени и нови тротоари, кои претходно ги немало.

ПРОЧИТАЈТЕ И:  Заталкан куршум пронајден во Диво Насеље

– Тротоарите се комплетно значи изработени одново бидејќи претходно немаше тротоари и знаете дека се соочуваме со сериозни проблеми во дел на нарушување на државното добро или злоупотреба од страна на поединци и излагање со огради вон сопствените парцели, рече градоначалникот.

 

 

Димитриевски нагласи дека во текот на работите биле надминати проблемите со кои се соочувал изведувачот, имајќи предвид дека станува збор за дел од градот со голем број дивоградби и нерамномерност на теренот.

– Ги надминавме сите проблеми во текот на работењето, се работи за дел на град каде што имаме голем број на дивоизградени објекти, немате нивелација на теренот, мислам дека направивме една прекрасна улица, изјави Димитриевски.

ПРОЧИТАЈТЕ И:  21-годишник натепан на булевар во Куманово

Тој очекува реконструкцијата да биде целосно завршена до крајот на неделата, по што улицата ќе може да биде пуштена во употреба.

– Ззнаете дека не пуштам во употреба улици ниту пак сечам црвени ленти и верувам дека до крајот на неделата комплетно ќе биде завршена и ќе може да биде пуштена во употреба, додаде градоначалникот.

Никола Ивановски