Заталкан куршум пронајден во Диво Насеље

Сподели со своите пријатели

Заталкан куршум завчера бил пронајден на улица во кумановската населба Диво Насеље.

– На 12.08.2026 во 18:25 часот во СВР Куманово, Е.М. од Куманово пријавил дека на улица „Тоде Мендол“ во Куманово пронашол зрно од огнено оружје, информираат од Секторот за внатрешни работи.

Увид извршила екипа од СВР Куманово и се преземаат мерки за расчистување на случајот.

Завчера беа пронајдени уште два заталкани куршуми, од кои едниот завршил во ѕид, а другиот пробил настрешница на балокн на улицата „Ѓуро Ѓаковиќ“.

Никола Ивановски

ПРОЧИТАЈТЕ И:  Плевна и куќа изгореа во пожар во Слупчане, сува трева гореше во Косматац