Вонредна крводарителска акција во Куманово: Намалени се резервите на крв

Сподели со своите пријатели

Поради намалените резерви на крв, во Куманово ќе се одржи вонредна летна крводарителска акција, во организација на Општинската организација на Црвениот крст Куманово.

Акцијата ќе се одржи на 18 август 2026 година, од 10:00 до 15:00 часот, во холот на Центарот за култура „Трајко Прокопиев“ во Куманово.

Од Црвениот крст посочуваат дека во летниот период потребите од крв се зголемуваат, додека резервите се намалуваат, поради што секоја дарувана единица крв може да биде од големо значење и да помогне во спасување човечки живот.

На акцијата се повикуваат сите здрави и полнолетни граѓани кои ги исполнуваат условите за дарување крв да се приклучат и со својот хуман гест да помогнат некому на кого крвта му е неопходна.

ПРОЧИТАЈТЕ И:  „Чистота и зеленило“ побара помош од државата за гаснење на пожарот на депонијата „Краста“ (ВИДЕО)

Од Црвениот крст упатуваат апел до граѓаните да ја покажат својата хуманост и солидарност.

Никола Ивановски