Три лица натепале и ограбиле кумановец

Сподели со своите пријатели

Четириесет и едногодишен кумановец бил нападнат, при што му бил украден мобилниот телефон, а добил и закани.

– На 05.08.2026 во 20:20 часот, полициски службеници од СВР Куманово ги лишиле од слобода Д.Р.(37), Е.М.(32) и 21-годишната М.А., сите од Куманово, затоа што на улицата „Гоце Делчев“ во Куманово физички го нападнале А.И.(41) од Куманово и му одзеле телефон и пари и му се заканувале со остар предмет, информираат од Секторот за внатрешни работи.

Како што додаваат од полицијата, тие биле приведени во полициска станица и по целосно документирање на случајот против нив ќе следуваат соодветни пријави.

ПРОЧИТАЈТЕ И:  Мајките да бидат упорни, доењето носи придобивки што не можат да се надоместат (ВИДЕО)

Никола Ивановски