Кумановецот Аиман ја претстави својата најнова песна, која носи летна атмосфера и е снимена во препознатлив ретро стил, најавувајќи период исполнет со нова музика и амбициозни проекти.
Според Аиман, видеото за песната е изработено во современ, опуштен концепт, со елементи на ретро естетика. Тој открива дека ова музичко издание е само почеток на она што следува.
„Оваа песна е најава дека до крајот на годината секој месец ќе објавувам по една нова песна. Ова е само почеток на сè што следува, а подготвуваме и големи проекти“, вели Аиман.
Музиката за песната ја потпишуваат Cris Mj и Аиман, додека текстот е дело на самиот Аиман. Продукцијата, аранжманот, мастерингот се соработка со Филип Андреев – Фико и Давид Ивановски.
Како тоа звучи слушнете во продолжение:

