Кумановец се заканувал на вработени во Брза помош, полицијата го привела

Сподели со своите пријатели

Триесет и петгодишник бил приведен викендов откако упатувал закани кон вработени во Итната медицинска помош во Куманово.

– На 01.08.2026 во 16:30 часот, полициски службеници од СВР Куманово го приведоа А.К.(35) од Куманово, постапувајќи по претходна пријава дека истиот ден, околу 16:00 часот упатувал закани кон вработени во Итната медицинска помош Куманово, информираат од Секторот за внатрешни работи.

Како што додаваат од полицијата, по целосно документирање на случајот, против него ќе следува соодветен поднесок.

Никола Ивановски

ПРОЧИТАЈТЕ И:  Кумановската полиција приведе возач со 1,98 промили алкохол