Кумановската полиција приведе возач со 1,98 промили алкохол

Сподели со своите пријатели

Дваесет и двегодишник бил приведен ноќва во Куманово откако полицијата констатирала дека возел под дејство на 1,98 промили алкохол.

– На 03.08.2026 во 02:30 часот на булевар „Трета македонска ударна бригада“ во Куманово, полициски службеници од СВР Куманово го лишија од слобода Х.С.(22) од село Волково, скопско, иннформираат од Секторот за внатрешни работи.

Како што додаваат од полицијата, при сообраќајна контрола запрено е патничко моторно возило „фолксваген голф“ со скопски регистарски ознаки, кое го управувал Х.С. и по преземени мерки е констатирано дека е под дејство на алкохол, односно дека има 1,98 промили алкохол во крвта.

ПРОЧИТАЈТЕ И:  Приведен 36-годишник од кумановско поради физички напад

– По целосно документирање на случајот, против него ќе биде поднесена соодветна пријава, стои во соопштението.

Никола Ивановски