Графити со говор на омраза биле испишани на потпорен ѕид во населбата Долно Којнаре во Куманово.
– На 02.08.2026 година во 10:00 часот во СВР Куманово, 75-годишен маж од Куманово пријавил дека на потпорен ѕид во близина на неговата куќа во населба Долно Којнаре во Куманово, биле испишани графити со говор на омраза, информираат од Секторот за внатрешни работи.
Од полицијата велат дека се преземаат мерки за расчистување на случајот.
За помалку од две недели ова е трет случај на исцртување графити, откако претходно беше вандализирано седиштето на КУД „Српски вез“ во центарот на градот со натписи „УЧК“, а со иста содржина со спреј беа исчкртани и графити во населбата Перо Чичо.
Никола Ивановски

