Половина од граѓаните на САД сметаат дека Нетанјаху треба да биде уапсен

Сподели со своите пријатели

Речиси половина од граѓаните на Соединетите Американски Држави сметаат дека израелскиот премиер Бенјамин Нетанјаху треба да биде уапсен под обвинение за воени злосторства за време на неговиот престој во САД, покажуваат резултатите од анкетата на јавното мислење објавена денес.

Според резултатите од анкетата спроведена од списанието „Економист“ и агенцијата „ЈуГов“, 49 проценти од испитаниците сметаат дека Нетанјаху треба да биде приведен врз основа на потерница издадена од Меѓународниот кривичен суд (МКС) под обвинение за воени злосторства поврзани со израелските воени акции против палестинското милитантно движење Хамас во Појасот Газа.

Во исто време, 27 проценти од испитаниците сметаат дека Нетанјаху не треба да биде уапсен, додека 23 проценти одговориле дека не се сигурни, пренесува Танјуг.

ПРОЧИТАЈТЕ И:  Израел потрошил милиони за да влијае на одговорите на вештачката интелигенција за војната во Газа

Меѓу поддржувачите на Демократската партија, 68 проценти од испитаниците го поддржуваат апсењето на Нетанјаху, додека истиот став го делат 24 проценти од републиканците и 55 проценти од политички независните испитаници.

Слични резултати се забележани кога испитаниците одговориле на прашањето дали веруваат дека Нетанјаху е виновен за воени злосторства.

Соединетите Американски Држави не се членка на МКС, а администрацијата на американскиот претседател Доналд Трамп ги отфрли постапките на судот против Израел и воведе санкции врз службените лица во Хаг кои учествуваат во случајот.