Иранската револуционерна гарда запре три танкери во Ормускиот теснец

Сподели со своите пријатели

Иранската револуционерна гарда (ИРГЦ) соопшти дека погодила и запрела три танкери за нафта во Ормускиот теснец, објавија иранските медиуми во среда, и покрај привременото затишје во конфликтот меѓу Вашингтон и Техеран.

Поморските сили на ИРГЦ соопштија дека „три брода кои ги прекршиле правилата, ги игнорирале предупредувањата и продолжиле да пловат по небезбедна и нелегална рута биле погодени и запрени“.

Информацијата ја објави иранската новинска агенција Тасним.

Засега не се објавени дополнителни детали за идентитетот на танкерите, нивните знамиња или каква било штета или последици од инцидентот.

Иран инсистира на одржување на контролата врз управувањето со Ормускиот теснец, вклучително и наплата на такси за услуги за бродовите што минуваат низ оваа стратешка поморска рута.

ПРОЧИТАЈТЕ И:  Иран ненадејно ги нападна американските сили. САД и Саудијците гаѓаа цели во Ирак

Во исто време, Техеран сака да ја задржи улогата на Оман како крајбрежна држава вклучена во управувањето со областа.

Ормускиот теснец е еден од најважните енергетски пасажи во светот, бидејќи низ него поминува значаен дел од глобалниот транспорт на нафта и гас.

Најновиот инцидент се случува во време кога односите меѓу Иран и САД остануваат напнати, иако интензитетот на конфликтот се намали во последните денови.

Контролата над Ормутскиот теснец е една од клучните точки на регионална тензија со години, особено поради неговата важност за меѓународната трговија со енергија.