Накид вреден над 20.000 евра бил запленет од цариниците при обид за влез на македонски државјани на ГП Табановце.
– Царинските службеници на граничниот премин Табановце, при влез во државата, спречија обид за криумчарење 348 грама златен накит, во вредност од 1,3 милиони денари, информираат од Царинската управа на Македонија.

Случајот, како што додаваат, е откриен при детална контрола на автомобил со кој патувале сопружници, македонски државјани со живеалиште во Белгија, при што во чантата на сопатничката се пронајдени 26 парчиња златен накит.
– Против неа, Одделението за истраги при Секторот за контрола и истраги поднесе кривична пријава за сторено кривично дело „криумчарење“, казниво согласно Кривичниот законик, стои во соопштението.

Според Царина, годинава се откриени 13 случаи на криумчарење злато, при што се запленети повеќе од 2,5 килограми златен накит и златни монети.

Никола Ивановски

