Кумановец тешко повреден по пад од зграда, пренесен на скопските клиники

Сподели со своите пријатели

Шеесет и петгодишник од Куманово се здобил со тешки телесни повреди откако извршувајќи работни задачи паднал од зграда.

– На 21.07.2026 во 17:00 часот во СВР Куманово, лекар од Итна медицинска помош пријавил дека кај со нив тешки телесни повреди бил донесен С.Т.(65) од Куманово, информираат од Министерството за внатрешни работи.

Според пријавеното, тој со повредите се здобил при пад од зграда на булевар „Октомвриска револуција“ додека извршувал работни задачи.

Како што додаваат од полицијата, тој бил пренесен во Комплексот клиники „Мајка Тереза“ во Скопје за укажување лекарска помош.

– Се преземаат мерки за расчистување на случајот, стои во соппштението.

ПРОЧИТАЈТЕ И:  Кризниот штаб во Куманово останува во готовност, над 100 пријави од граѓаните

Никола Ивановски