УХМР: Ветер со јачина на ураган ја погоди вчера Македонија

Сподели со своите пријатели

Управата за хидрометеоролшки работи, врз основа на податоците од Националната мрежа на автоматски метеоролошки станици, на ден 21-ви јули 2026 регистрираше исклучително високи вредности на удари на ветер, приближни до историските рекордни вредности.

Од 47 мерни места за ветер во Републиката, олуја и олуен ветер со брзина од 62 до 88 km/h е регистриран на 12 мерни места, силна олуја со брзина од 88 до 102 km/h на 6 мерни места, орканска/ураганска олуја со брзина од 102 до 117 km/h на едно мерно место, а оркан/ураган со брзина над 118 km/h на 3 автоматски метеоролошки станици.

ПРОЧИТАЈТЕ И:  Куманово ќе донира вода за Гостивар поради епидемијата и кризата со водоснабдувањето

На останатите мерни места е регистриран ветер со јачина под 62km/h.

Оркан/ураган според класификацијата за јачина на ветер, претставува ветер чија брзина надминува 118km/h. Тоа е екстремно силен ветер кој на оваа територија се случува многу ретко и предизвикува силни разорувања и значајни штети во пошироки размери.

На Автоматската метеоролошка станица во Штип, во 17:00 часот, е регистриран оркан со максимален удар на ветер од 134 km/h со правец запад-северозапад (WNW).

Во Скопската котлина, на Автоматската метеоролошка станица Скопје, во 16:10 часот е регистриран оркан со максимален удар од 130 km/h со правец север-северозапад (NNW).

Ветер со истата јачина од 130 km/h е регистриран и на Автоматската метеоролошка станица Ново Село во Струмица, Во 17:50 часот, со правец северозапад (NW).

ПРОЧИТАЈТЕ И:  Кризниот штаб во Куманово останува во готовност, над 100 пријави од граѓаните

Со ова се потврдува дека на повеќе локации во државата беа регистрирани оркански удари на ветер, што претставува редок и разорувачки метеоролошки настан.

Интегрално соопштение: УХМР