Делови од Куманово без струја над 18 часа, селата веќе два дена

Сподели со своите пријатели

Поголем дел од Куманово е без струја повеќе од 18 часа, односно откако вчера градот беше зафатен од силен ветер.

Делови пак од селата немаат струја повеќе од два дена, односно од првото невреме кое завчера го зафати регионот.

Силниот ветер урна огромен број дотраен дрвени и трули бандери, кои ЕВН очигледно има проблем да ги промени.

Од Електродистрибуција велат дека работат на терен, но без прецизирање кога граѓаните ќе можат да добијат струја.

– Силното невреме кое вчера зафати делови од државата меѓу другото предизвика оштетувања и на дистрибутивната мрежа, што доведе до прекини во снабдувањето со електрична енергија кај дел од корисниците.  Екипите на Електродистрибуција веднаш се мобилизираа и работат на терен со интензивно темпо, а активностите ќе продолжат без прекин се до целосно санирање на сите дефекти и нормализирање на состојбата, велат од компанијата.

ПРОЧИТАЈТЕ И:  Куманово ќе донира вода за Гостивар поради епидемијата и кризата со водоснабдувањето

Граѓаните веќе реагираат дека храната што ја имаат дома станува неупотреблива, ниту пак можат да ги завршат своите секојдневни обврски.

Никола Ивановски