Со дефиле низ Куманово започна 7. Меѓународен фолклорен фестивал (ФОТО)

Сподели со своите пријатели

Со свечено дефиле низ градските улици и официјално отворање на платото пред Центарот за култура „Трајко Прокопиев“, денеска започна седмото издание на Меѓународниот фолклорен фестивал во Куманово.

 

 

До 19 јули, љубителите на фолклорот ќе имаат можност да уживаат во настапите на ансамбли од Парагвај, Порторико, Турција, Казахстан, Србија и Македонија, кои ќе се претстават со традиционални песни, игри и обичаи од своите земји.

 

 

Годинашното издание на фестивалот носи новина, бидејќи за првпат дел од програмата ќе се реализира и надвор од Куманово, со цел манифестацијата да биде достапна за поширока публика.

ПРОЧИТАЈТЕ И:  Неделна прогноза за Куманово: Пеколно топло, температурите до 36 степени

 

 

По отворањето во Куманово, фестивалските активности ќе продолжат на 17 јули во Скопје и на 18 јули во Кратово, додека завршната фестивалска вечер ќе се одржи на 19 јули повторно во Куманово.

 

 

На отворањето беше истакнато значењето на фолклорот како чувар на културното наследство и улогата на фолклорните уметници во промовирањето на традицијата и меѓусебното поврзување на народите.

 

 

На учесниците и гостите од земјава и странство им беа упатени желби за успешен фестивал и незаборавен престој.

 

 

Организатор на Меѓународниот фолклорен фестивал е КУД „Панче Пешев“, а манифестацијата се реализира со финансиска поддршка на Општина Куманово и Министерството за култура и туризам.

ПРОЧИТАЈТЕ И:  Удар од гром предизвика пожар во Макреш, опожарени 15 хектари трева и шума (ФОТО)

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

Никола Ивановски