Малолетник нападнат во двор на училиште во Куманово

Сподели со своите пријатели

Триесет и седумгодишник од Куманово ноќва пријавил во полиција дека неговиот малолетен син бил нападнат во двор од основно училиште.

– На 15.07.2026 во 01:30 часот во СВР Куманово С.Т. (37) од Куманово пријави дека на 14.07.2026 околу 22:30 часот во двор на основно училиште во Куманово неговиот малолетен син бил физички нападнат од едно лице, информираат од Секторот за внатрешни работи.

Од полицијата додаваат дека се преземаат мерки за расчистување на случајот.

Никола Ивановски

ПРОЧИТАЈТЕ И:  Командата на SEEBRIG по шест години ја заврши мисијата во Куманово (ГАЛЕРИЈА)