Педесет и деветгодишен кумановец бил пријавен вчеравечер по пријава дека физички ја нападнал неговата сопруга.
– На 13.07.2026 во 19:10 часот во Куманово, полициски службеници од СВР Куманово го лишија од слобода Б.Т. (59) од Куманово, по претходна пријава дека во семејниот дом физички ја нападнал неговата 57- годишна сопруга, информираат од Секторот за внатрешни работи.
Како што додаваат од полицијата, по целосно документирање на случајот, против него ќе следува соодветна пријава.
Никола Ивановски

