Кумановец пронашол гранати во близина на својата викендица

Сподели со своите пријатели

Копајќи во близина на својата викендица во куманвското село Косматац, кумановец вчера пронашол две гранати.

– На 13.07.2026 во 09:40 часот во СВР Куманово С.Т. (68) од Куманово пријави дека, додека извршувал градежни работи, во близина на неговата викендица во село Косматац, кумановско, пронашол две гранати, информираат од Секторот за внатрешни работи.

Како што додаваат од полицијата, увид извршила екипа од СВР Куманово, а гранатите во текот на денешниот ден ќе бидат подигнати од пиротехничар од Дирекцијата за заштита и спасување.

Никола Ивановски

ПРОЧИТАЈТЕ И:  Приведен 59-годишен кумановец, ја нападнал неговата сопруга