Русите фрлија бомба од три тони врз Орихив! (ВИДЕО)

Сподели со своите пријатели

Русија објави видео од нападот врз украинскиот град Орихив во Запорошката област, при што, според достапните информации, била употребена бомба од три тони FAB-3000.

Видеото, кое од вчера циркулира на социјалните мрежи, покажува силна експлозија и голем облак од чад што се издига над местото на ударот.

Орихив се наоѓа недалеку од фронтовската линија, а аналитичарите со отворен код (OSINT) потврдија дека бомбата FAB-3000 била употребена во нападот.

Станува збор за фрагментациска бомба со вкупна тежина од три тони, од кои експлозивното полнење тежи околу тон и пол.

Развиена е во Советскиот Сојуз во 1946 година за уништување на големи индустриски објекти, подземни засолништа и брани.

ПРОЧИТАЈТЕ И:  Русија изврши ракетен напад врз Киев, тврдејќи дека цел биле воени фабрики

На почетокот на 2024 година, Русија објави дека го рестартирала масовното производство на ова оружје, кое последен пат било употребено за време на војната во Авганистан пред повеќе од 40 години.

Денешните верзии на FAB-3000 се опремени со модул за лизгање и корекција на летот, што овозможува нивно исфрлање од голема далечина.

Бомбите се лансираат од тактички бомбардери Су-34, а благодарение на системот за водење, тие можат самостојно да го корегираат својот пат кон целта.

Според достапните податоци, радиусот на уништување е околу 240 метри, додека смртоносните остатоци можат да летаат повеќе од еден километар од местото на експлозијата.

Руската страна објави видео од нападот, но сè уште не е објавена независна потврда за обемот на штетата и можните жртви.

ПРОЧИТАЈТЕ И:  Франција: Русија стои зад сајбер нападите врз десет европски земји