Кривични за 18-годишна девојка и две малолетнички за врсничкото насилство во Куманово

Сподели со своите пријатели

Министерството за внатрешни работи го расчисти случајот со насилството врз малолетничка во Куманово при што поднесе кривична пријава против 18-годишна девојка и две малолетнички.

– СВР Куманово поднесе кривична пријава против П.А. (18) од село Лојане, општина Липково, како и против две малолетнички на возраст од 14 и 15 години од Куманово, поради постоење основи на сомнение дека сториле кривично дело „насилство“ по член 386 став 3 од Кривичниот законик, информираат од МВР.

Пријавените, како што појаснуваат од полицијата, на 13.03.2026 околу 18:00 часот, повикале 14-годишно девојче да излезе од нејзиниот дом, по што ја убедиле да влезе во просторија во близина на спортскиот центар „Соколана“ во Куманово.

ПРОЧИТАЈТЕ И:  Кумановец пронашол гранати во близина на својата викендица

Таму најпрвин ја навредувале, а потоа и физички ја нападнале, при што целиот настан го снимале со мобилен телефон.

– По извршеното насилство, осомничените ѝ се заканиле на малолетничката да не го пријавува настанот и да не зборува за снименото видео, заканувајќи ѝ се дека во спротивно ќе ѝ се случи нешто уште полошо, стои во соопштението.

Никола Ивановски