Неделна прогноза за Куманово: Температури над 30 степени и северен ветер

Сподели со своите пријатели

Времето денеска низ Македонија ќе биде сончево со мала до умерена облачност, информираат од Управата за хидрометеоролошки работи.

Ќе дува умерен повремено засилен ветер претежно од северен правец. Долж Повардарието ветерот ќе достигне брзина од 50 km/h.

Минималната температура ќе биде во интервал од 11 до 18, а максималната ќе достигне од 24 до 34 степени.

 

 

Во Куманово и околината денеска ќе имаме сончево време со мала облачност.

Ќе дува слаб до засилен ветер од северен и североисточен правец, кој на моменти ќе надминува брзина од над 40 километри на час.

ПРОЧИТАЈТЕ И:  Без струја денеска неколку локации во Куманово

Утринската температура ќе се движи околу 13 степени, додека дневниот максимум се очекува да достигне 28 степени целзиусови.

 

 

Утре низ кумановско ќе имаме сончево и топло време. Ќе дува слаб до засилен ветер од северен и североисточен правец, кој на моменти ќе надминува брзина од над 40 километри на час. Температурата во утринските часови ќе се движи околу 14 степени, а максимумот ќе достигне 31 степен целзиусов.

Среда носи исто така сончево и многу топло време со мала облачност. Ќе дува слаб до умерено засилен ветер од северен и североисточен правец. Минималната температура ќе се спушти до 16 степени, а дневниот максимум е прогнозаиран на високи 32 степени целзиусови.

ПРОЧИТАЈТЕ И:  Кумановската полиција приведе возач со над два промила алкохол

Претежно облачно време со услови за кратки сончеви периоди, но и натаму топло време, ќе имаме во четврток. Ќе дува Ќе дува слаб до засилен ветер од северен правец, кој на моменти ќе надминува брзина од над 40 километри на час. Утринската температура ќе се движи околу 16 степени, а максимумот во текот на денот ќе се искачи до 32 степени целзиусови.

 

 

Сончево и многу топло време со мала облачност ќе имаме во петок. Ќе дува слаб до умерено засилен ветер од северен и североисточен правец, а температурата ќе се движи во интервал од 16 до 33 степени целзиусови.

ПРОЧИТАЈТЕ И:  71-годшен кумановец ја нападнал сопругата, полицијата го привела

Во сабота ќе имаме сончево и многу топло време со слаб до умерено засилен ветер од север. Температурата во утринските часови ќе се движи окоу 17 степени, а максимумот во текот на денот ќе се искачи до 33 степени целзиусови.

Неделна носи сончево и многу топло време. Ќе дува слаб до умерено засилен ветер од север, а температурите ќе се движат од минимални 17 до максимални 33 степени целзиусови.

 

 

Слично време ќе се задржи и во текот на следната работна недела.

Никола Ивановски