Пожар избувна во рафинеријата за нафта Илиски во југозападна Русија по напад со беспилотни летала, а властите ја евакуираа погодената област од нападот, објавија официјални лица утрово.
Според прелиминарните информации, нема повредени во рафинеријата во регионот Краснодар, пренесува Ројтерс.
Пожари избувнаа и во Ростовскиот регион, во два складишта за гориво, како и во пристаништето Таганрог, објави локалниот гувернер Јуриј Сљусар на Телеграм.
Градоначалничката на Таганрог, Светлана Камбулова, објави дека властите ги евакуирале луѓето од нивните куќи во погодените области, и дека куќата е оштетена, а покривот на административната зграда се запалил.
Руското Министерство за одбрана објави дека воздушната одбрана соборила 376 украински беспилотни летала во текот на ноќта.
Украина ги засили нападите врз руската енергетска и друга инфраструктура во последните месеци, што доведе до недостиг на гориво низ цела Русија.

