Викенд прогноза за Куманово: Сончево и топло, во недела засилен северен ветер

Сподели со своите пријатели

Времето денеска низ Македонија ќе биде сончево со мала облачност, информираат од Управата за хидрометеоролошки работи.

Ќе дува слаб до умерен ветер од северозападен правец.

Минималната температура ќе биде во интервал од 11 до 20, а максималната ќе достигне од 28 до 34 степени.

 

 

Во Куманово и околината денеска ќе имаме сончво и топло време.

Ќе дува слаб до умерен ветер од северне и северозападен правец.

Утринската температура ќе се движи околу 11 степени, а максималната дневна се очекува да достигне 29 степени целзиусови.

 

 

Утре низ кумановско ќе имаме сончево и многу топло време со слаб до умерен ветер од јужен и југоисточен правец.

ПРОЧИТАЈТЕ И:  Кумановец тешко повреден откако удрил во паркирано товарно возило

Температурата во утринските часови ќе се движи околу 16 степени, а максимумот во текот на денот ќе достигне 33 степени целзиусови.

 

 

Недела носи променливо облачно, но топло време.

Ќе дува умерен до засилен ветер од северен правец, кој на моменти ќе надминува брзина од 40 километри на час.

Утринската температура ќе се спушти до 14 степени, а дневниот максимум се очекува да достигне 29 степени целзиусови.

 

 

Претстојната работна недела носи пораст на дневните температури.

Никола Ивановски