Домашните задачи за првачињата ќе бидат укинати во Русија почнувајќи од новата учебна година, објавува РИА Новости, повикувајќи се на писмо од Министерството за образование и наука на Русија, до кое имало пристап.
„Наредбата утврдува дека наставата се изведува без домашни задачи во прво одделение. Одредбата за вкупниот број домашни задачи за сите предмети во времетраење од еден час е исклучена“, се наведува во текстот.
Претходно, според „Методолошките препораки за организирање на домашни задачи за ученици во општообразовни организации“, тоа беше дозволено, но мораше да се воведе постепено, а завршувањето на домашните задачи не треба да трае подолго од еден час, потсетува РИА, како што објави Танјуг.

