Четириесет и тригодишен кумановец бил приведен вчеравечер по пријава дека се однесувал агресивно и се заканувал на сопругата и синот.
– На 05.07.2026 во 21:30 часот полициски службеници од СВР Куманово го лишија од слобода Ж.Д. (43) од Куманово, затоа што агресивно се однесувал и се заканувал кон неговата сопруга и син, информираат од Секторот за внатрешни работи.
Тој бил приведен во полициска станица и, како што додаваат од полицијата, по целосно документирање на случајот, против него ќе следува соодветна пријава.
Никола Ивановски

