Медведев: Честитки Финска, сега сте на листата на руски нуклеарни цели

Сподели со своите пријатели

Заменик-претседателот на рускиот Совет за безбедност, Дмитриј Медведев, изјави дека Финска е на листата на можни цели за руски нуклеарни напади откако ја укина забраната за увоз на нуклеарно оружје.

„Финска ја укина забраната за прием на нуклеарно оружје на своја територија. Што менува тоа за Финците? Само една мала работа: нивната земја сега е на листата на руски нуклеарни цели. Честитки, Финска, го достигнавте врвот на безбедноста!“, напиша Медведев на социјалната мрежа X.

Новиот закон стапи во сила пред два дена

Финскиот претседател Александар Стуб минатата недела потпиша измени на Законот за нуклеарна енергија, со кои се дозволува увоз, транзит и транспорт на нуклеарно оружје низ територијата на Финска.

ПРОЧИТАЈТЕ И:  „Тоа може да ја запре војната“: Зеленски бара од САД лиценца за ракетите „Патриот“

Законот стапи во сила на 1 јули.

Со него се укинуваат претходните ограничувања за вакви активности, а финското законодавство е прилагодено на новата безбедносна средина по пристапувањето на земјата во НАТО.

Финската влада соопшти дека промените имаат за цел зајакнување на капацитетите за одвраќање на НАТО во време на влошување на безбедносната ситуација во Европа и руската тотална инвазија на Украина.

Финскиот министер за одбрана Анти Хаканен претходно изјави дека новите правила ќе ѝ овозможат на Финска целосно да го искористи нуклеарниот чадор на НАТО за да ја заштити земјата.

Во исто време, тој нагласи дека Хелсинки не планира да распореди нуклеарно оружје на своја територија.

ПРОЧИТАЈТЕ И:  Русија се огласи по стравичниот напад врз Киев: „Ќе продолжиме да го зголемуваме притисокот“

Претседателот Стаб го зазеде истиот став, велејќи дека Финска сака да биде полноправна членка на НАТО без никакви ограничувања, но дека нема намера да стационира сојузничко нуклеарно оружје на своја територија.