Четириесет и едногодишна кумановка се здобила со повреди од струен удар додека работела во угостителски објект во Куманово.
– На 01.07.2026 во 19:20 часот во СВР Куманово, од Итната медицинска помош е пријавено дека кај нив со повреди од удар од струја, била донесена Д.М.(41) од Куманово, информираат од Секторот за внатрешни работи.
Според пријавеното, со повредите се здобила додека извршувала работни задачи во угостителски објект на ул.„Бранко Богдански Гуцман“ во Куманово.
Увид извршила екипа од СВР Куманово.
Никола Ивановски

