Демократска Република Конго соопшти дека бројот на потврдени случаи на ебола во земјата достигнал 1.307, вклучувајќи 377 смртни случаи.
Според податоците објавени од властите доцна во понеделник, случаи на ебола се регистрирани во три провинции – Итури, Северен Киву и Јужен Киву, објави Ројтерс.
Генералниот директор на Светската здравствена организација (СЗО), Тедрос Аданом Гебрејесус, изјави дека ризикот од понатамошно меѓународно ширење на болеста засега е оценет како низок, но нагласи дека ситуацијата бара внимателно следење.

