Бебе убиено во напад со дрон во Москва

Сподели со своите пријатели

Шестмесечно бебе е убиено денес кога остатоци од беспилотно летало удриле во станбена зграда во Московскиот регион, објави гувернерот Андреј Воробјов на Телеграм, објави британската агенција Ројтерс на својата веб-страница.

Бебето било извлечено од зградата заедно со уште три лица, меѓу кои и едно дете, но починало на пат кон болницата, соопшти гувернерот.

Еден маж е убиен преку ноќ во напад со украински беспилотно летало во рускиот регион Белгород, соопштија локалните власти.

ПРОЧИТАЈТЕ И:  Русија го обвинува Киев: „Преку Украина се испраќа дрога во Европа“