Голем пожар во петрохемиска фабрика во Индија: Најмалку 20 повредени (ВИДЕО)

Сподели со своите пријатели

Најмалку 20 лица се повредени во пожар што избувна во петрохемиска фабрика во индиската држава Западен Бенгал, откако пожарот од нафтовод се прошири на околните куќи.

 

 

Најмалку 20 лица се повредени, од кои пет се во критична состојба, кога денес избувна пожар во петрохемиска фабрика во источна Индија, кој оттогаш е ставен под контрола, соопшти полицијата.

ПРОЧИТАЈТЕ И:  Германија треба повторно да купува руска нафта и гас, вели лидерката на AfD

Во соопштението се вели дека пожарот избувнал во нафтовод во фабрика управувана од компанијата „Халдија Петрохемикалс“ и дека брзо се проширил на околните куќи во округот Пурба Мединипур во државата Западен Бенгал, објави АП. Се нагласува дека причината за пожарот засега е непозната.