Најмалку 130 милиони луѓе во Европа се погодени од температури над 35 степени

Сподели со своите пријатели

Најмалку 130 милиони луѓе низ Европа денес ќе се соочат со температури од 35 степени целзиусови и повеќе, објави Гардијан.

Бројот на луѓе погодени од екстремната топлина е значително поголем отколку во средината на минатата недела, кога топлотниот бран го достигна својот врв во Велика Британија.

Меѓу земјите што регистрираат рекордно високи температури е Чешка, каде што голем број метеоролошки рекорди беа срушени за време на викендот.

Чешкиот хидрометеоролошки институт (CHMI) соопшти дека половина од 171 метеоролошки станици во недела регистрирале рекордни температури за датумот, додека повеќе од 95 проценти од станиците регистрирале највисоки јунски температури од почетокот на мерењата.

ПРОЧИТАЈТЕ И:  Демографски аларм во Германија: Истокот го губи населението

Според метеоролозите, врвот на приливот на многу топол воздух од југозападна Европа е регистриран за време на викендот, а се очекува студен фронт да донесе делумно освежување во западните делови на земјата во понеделник.

Во источните региони на Чешка, Моравија и Шлезија, сè уште се очекува многу топло време, додека во Прага температурите денес би можеле да достигнат помеѓу 33 и 34 степени Целзиусови, со можност за грмотевици во подоцнежните часови, пренесува Танјуг.