Руската служба за надворешно разузнавање (SVR) денес ги обвини украинските власти за вмешаност во транзитот на дрога од Латинска Америка во Европа, тврдејќи дека Киев дозволува трговија во замена за пари и други услуги.
Според SVR, украинските безбедносни агенции свесно го олеснуваат шверцот со дрога низ земјата со цел да обезбедат дополнителни извори на приход поради недоволна финансиска поддршка од западните сојузници.
Руската разузнавачка агенција, исто така, тврди дека латиноамериканските нарко-картели, пак, ѝ помагаат на Украина да регрутира странски платеници за своите вооружени сили.
„Новиот коридор на Украина за фентанил“
Во соопштението за медиумите се наведува дека криминалните групи од Латинска Америка се обидуваат да го прошират снабдувањето со наркотици, вклучително и фентанил, на европскиот пазар поради зголемената борба против дрогата во САД.
„Тие ја гледаат Украина како безбеден коридор за пристап до европскиот пазар, со оглед на недостатокот на соодветна гранична и царинска контрола во земјата“, истакнува SVR.
СВР објави дека пристаништата во регионот Одеса стануваат „главна база за претовар на транзитната рута за дрога до Европа преку Полска, Молдавија и Романија“.
Покрај тоа, руската служба тврди дека картелите се заинтересирани и за пристап до украинскиот црн пазар на оружје.
„Латиноамериканските нарко картели се заинтересирани и за пристап до украинскиот црн пазар на оружје“, се заклучува во соопштението. Украина сè уште не ги коментирала овие обвинувања.

