Руските воздушни одбранбени сили соборија 209 украински дронови над руските региони во текот на ноќта, објави руското Министерство за одбрана.
Во соопштението се наведува дека украински дронови се соборени над Белгород, Брјанск, Калушка, Курск, Орел, Ростов, Смоленск, Твер, Тула и Московски регион, објави РИА Новости.
Се истакнува дека во текот на ноќта украински дронови се уништени и над Краснодарската територија, Крим, како и Азовското и Црното Море.

