67-годишник од Куманово бил агресивен кон полицајци, па го привеле

Сподели со своите пријатели

Шеесет и седумгодишник од Куманово бил приведен по агресивно однесување кон полициски службеници.

–  На 27.06.2026 во 12:00 часот, полициски службеници од СВР Куманово го приведоа И.И.(67) од село Романовце, кумановско, затоа што истиот ден, во село Романовце се однесувал агресивно и попречувал полициски службеници кои вршеле службени дејствија, информираат од Секторот за внатрешни работи.

Како што додаваат од полицијата, по целосно документирање на случајот, против него ќе биде поднесена соодветна пријава.

Никола Ивановски

ПРОЧИТАЈТЕ И:  25-годишник од Старо Нагоричане ја нападнал сопругата, полицијата го привела