Приведен кумановец баран за издржување затворска казна од осум месеци

Сподели со своите пријатели

Триесет и двегодишен кумановец бил приведен откако по него била распишана потерница за извржување затворска казна.

– На 23.06.2026 во 14:30 часот, полициски службеници од СВР Куманово го приведоа Б.С.(32) од Куманово, кој бил баран по потерница врз основа на наредба од Основен суд Куманово за издржување на казна затвор од осум месеци за сторено кривично дело по член 130 од Кривичниот законик, информираат од Секторот за внатрешни работи.

Инаку членот 130, се однесува на кривични дела поврзани со семејно насилство или нанесување телесна повреда.

– Б.С. бил спроведен во Казнено – поправната установа Затвор Куманово за издржување на казната, стои во соопштението.

ПРОЧИТАЈТЕ И:  Германска амбасадорка во посета на Општина Кумановo (ФОТО)

Никола Ивановски