Дваесет и петгодишник од Куманово се обидел да нападне вработена во Општа болница Куманово, а оштетил и дел од инвентарот.
– На 22.06.2026 во 17:00 часот во СВР Куманово, вработена во Општа болница Куманово, пријавила дека на своето работно место, О.Ш. (25) од Куманово се однесувал агресивно и се обидел физички да ја нападне, по што оштетил инвентар и дел од компјутерска опрема, информираат од Секторот за внатрешни работи.
Како што додаваат од полицијата, по целосно документирање на случајот, против него ќе биде поднесена соодветна пријава.
Никола Ивановски

