Од полноќ значително поевтинување на горивата

Сподели со своите пријатели

Од полноќ стапуваат на сила нови, пониски цени на нафтените деривати, одлучи денеска Регулаторната комисија за енергетика.

Дизелот од вечерва на полноќ ќе биде поевтин за седум деанри за литар, а бензините за 3,5 – 4 денари за литар, одлучи денеска Регулаторната комисија за енергетика.

Поевтинува и екстра лесното масло за домаќинство на (ЕЛ-1) за 7,00 денари за литар, како и мазутот М-1 НС чија цена се намалува за 3,932 денари за килограм.

Според новата одлука, малопродажните цени на ЕУРОДИЗЕЛ (Д-Е V) и на Екстра лесното масло за домаќинство (ЕЛ-1) се намалуваат за дури 7,00 денари по литар.

ПРОЧИТАЈТЕ И:  Пет интервенции имале вчера кумановските пожарникари

Цената на ЕУРОСУПЕР БС-95 се намалува за 3,50 денари и неговата нова цена ќе изнесува 84,00 денари за литар.

Бензинот ЕУРОСУПЕР БС-98 поевтинува за 4,00 денари, што значи дека од полноќ ќе се продава по цена од 86,00 денари за литар.

Новите цени на дериватите ќе се применуваат од 23.6.2026 година од 00:01 часот, се вели во одлуката на РКЕ.

Од Регулаторната комисија за енергетика, водни услуги и услуги за управување со комунален отпад велат дека се врши намалување на малопродажните цени на нафтените деривати во просек за 6,61% во однос на одлуката од 15.6.2026 година.

Референтните цени на нафтените деривати на светскиот пазар во споредба со претходната пресметка бележат намалување и тоа во просек: кај бензините за 8,216%, кај дизелот за 12,699%, кај екстра лесното масло за 12,354% и кај мазутот намалувањето е за 11,352%.

ПРОЧИТАЈТЕ И:  Крстевски: Публиката во Приштина ја чувствуваше емоцијата без разлика на јазикот (ВИДЕО)

Курсот на денарот во однос на доларот во изминатиот период по кој беа формирани цените со претходната пресметка е понизок за 0,0396%, се вели во одлуката на РКЕ.

„Напоменуваме дека ова се максималните цени на нафтените деривати од 00:01 часот на 23.6.2026 година. Трговците на големо и трговците на мало со нафтени деривати и горива за транспорт можат да ги формираат цените на одделни нафтени деривати и горива за транспорт и пониско од највисоките утврдени цени“, соопштија од РКЕ.