Најтопол град во последните 24 часа беше Омдије во Иран, каде што беа измерени 49,8 степени, беше објавено на веб-страницата Огимет, која собира временски податоци од целиот свет.
Најстудено во светот во последните 24 часа беше во поларната станица Амундсен-Скот на Антарктикот, каде што беа измерени минус 69,8 степени.
Најмногу дожд наврна во Чеарпунџа, Индија – 428,6 мм, а најсилниот ветер дуваше на Антарктикот со брзина од 145,7 км/ч.
Во текот на последните неколку дена, Европа беше зафатена од топлотен бран, издадени се бројни предупредувања за топлина.
Најжешкото место во Европа е Андухар во Шпанија со 42,7 степени, а Шпанија и Франција се најжешките земји во последните 24 часа.
Јувашје во Норвешка со -2,9 степени е најстудената точка во Европа, а Норвешка е и најстудената земја на европскиот континент.
Највисоката просечна температура во последните 24 часа е измерена во Пјаченца во Италија, 35,9 степени, на второ и трето место се Мостар во Босна и Херцеговина и Дон Бенито во Шпанија со 35,6 степени, потоа Сењ во Хрватска со 33,4 степени, а на петтото место е Дакс во Франција со 33,4 степени.
Најмногу дожд во последните 24 часа наврна во Ембрун во Француските Алпи – 71 мм.
Најсилните ветрови дуваа во Норвешка, 83 км/ч, и во Шведска 65,6 км/ч, податоци објавени од Огимет.

