Кумановските пожарникари во текот на изминатото деноноќие имале пет интервенции, од кои поголемиот број на отворен простор.
Во првиот случај во селото Зубовце била опожарена сува трева. Двајца пожарникари интервенирале од 11:14 до 12:15 часот.
Во населбата Средорек, поточно во Багрем Бања, исто така горела сува трева. Таму во период од 13:50 до 13:40 часот итервенирале двајца пожарникари.
Житни насади и сува трева биле опожарени во селото Пчиња, кај депонијата Краста. Четворица пожарникари со две противпожарни возила интервенирале во период од 14:10 до 17:05 часот.
– На 21.06.2026 во 14:11 часот во СВР Куманово било пријавено дека во атар на село Пчиња, кумановско, настанал пожар на депонијата Краста, информираат од Секторот за внатрешни работи.
Од екипа на Територијалната противпожарна единица од Куманово пожарот бил изгаснат, а повредени лица нема.
– Увид на местото на настанот извршила екипа на СВР Куманово, при што било утврдено дека пожарот настанал на депонијата Краста по што пожарот се проширил на соседен имот, сопственост на правно лице од Куманово, а била зафатена поголема површина житна култура, стои во соопштението на полицијата.
На улицата „Бараждинск“ во подрум од куќа избил пожар предизвикан од машина за перење алишта. Тројца пожарникари интервенирале во период од 11:10 до 11:40 часот.
Сува трева горела и на потегот од Студена Бара кон Ново Село. Тројца пожарники интервенирале од 12:59 до 02:50 часот утринава.
Во моментов нема активни пожари.
Никола Ивановски

