Делови од Куманово утре привремено ќе бидат без напојување со електрична енергија, информираат од Регионалниот центар за управување со кризи.
Во перод од 09:10 до 10:30 часот утре без струја ќе останат корисниците од дел од улицата „Доне Божинов“, поточно месноста Прмакови ниви.
Во исто време прекини ќе има и во објектите околу Спомен Костурница, кланица „Црн Бик“, Ново Куманово како и Железничката станица „Ново Куманово“.
Без струја утре од 09:10 до 10:30 исто така ќе останат и улицата „Јоско Илиевски“, населбата Средорек, Спортскиот аеродром „Аџитепе“, како и фабриката „Феликс“.
Од 12:30 до 14:00 часот утре прекини ќе има на дел од фабриката ФЗЦ.
Никола Ивановски

