Градежен работник повреден при работа во Куманово

Сподели со своите пријатели

Педесет и петгодишен жител на липковско вчера бил повреден додека извршувал градежни работи во Куманово.

– На 16.06.2026 во 10:35 часот во СВР Куманово, од Итна медицинска помош е пријавено дека кај нив со повреди бил донесен Џ.С.(55) од с.Матејче, општина Липково, информираат од Секторот за внатрешни работи.

Според пријавеното, тој со повредите се здобил на ул.„11 Октомври“ во Куманово додека извршувал градежни работи.

– Извршен е увид од увидна екипа на СВР Куманово и се преземаат мерки за расчистување на случајот, стои во соопштението.

Никола Ивановски

ПРОЧИТАЈТЕ И:  Кумановка ја нападнала својата мајка и ја оштетила покуќнината