Приведен 21-годишен кумановец кој возел со 1,55 промили алкохол

Сподели со своите пријатели

Дваесет и едногодишен кумановец бил приведен вчеравечер откако полицијата констатирала дека управувал возило под дејство на алкохол.

– На 16.06.2026 во 22:11 часот на ул.„Доне Божинов“ во Куманово, полициски службеници од СВР Куманово го лишија од слобода М.М.(21) од Куманово, информираат од Секторот за внатрешни работи.

Како што додаваат од полицијата, при сообраќајна контрола, полициски службеници сопреле патничко возило „бмв“ со кумановски регистарски ознаки, кое го управувал и по преземени мерки и проверки, било констатирано дека го управува возилото под дејство на алкохол, односно дека има 1,55 промили алкохол во крвта.

ПРОЧИТАЈТЕ И:  Градежен работник повреден при работа во Куманово

– По целосно документирање на случајот, ќе следува соодветен поднесок, стои во соопштението.

Никола Ивановски