Деца без свест пронајдени во Куманово, се затруле со вдишување лепак

Сподели со своите пријатели

Три деца на возраст од девет до 15 тодини вчера биле пронајдени без свест во центарот на Куманово.

Сомнежите се дека се затруле од вдишување на лепак.

– На 15.06.2026 околу 10:40 часот во СВР Куманово е пријавено дека на улица „Професор Мијалковиќ“ пронајдени се три деца кои не реагирале на допир (15- годишно девојче и нејзините браќа на возраст од 12 и девет години) и кои најверојатно биле затруени со вдишување на лепак, информираат од Секторот за внатрешни работи.

Како што додаваат од полицијата, тие се пренесени во Општа болница Куманово за укажување на лекарска помош.

– Се преземаат мерки за расчистување на случајот, стои во соопштението.

Никола Ивановски